Научниците од НАСА тврдеа дека катастрофалниот земјотрес кој го погоди Чиле ја поместил земјината оска и го скратил денот, а сега велат дека и за повеќе од три метри го поместил градот што се наоѓа најблиску до епицентарот на земјотресот.
Геолозите ова тврдење го објавија после анализата на GPS податоците собрани пред и по земјотресот од страна на универзитетските истражувачки тимови ширум американскиот континент.
Екипите од универзитетите во Охајо, на Хаваите, во Мемфис и во калифорнискиот институт за технологија, кои од почетокот на '90-те ја проучуваат Земјината кора на тоа подрачје, работеа на анализа на податоците со агенциите од Јужна Америка и заклучија дека најмногу се изместило тлото кое е најблиску до епицентарот на земјотресот, односно градот Консепсион.
Но, освен Консепсион , се поместил и главниот град на Чиле ,Сантијаго и тоа за околу 20 сантиметри кон југозапад.
За неколку сантиметри се поместил дури и Буенос Ариес, кој од епицентарот е одалечен скоро 1.300 километри.
И.Е. | Кајгана