Како резултат на својот интерес за се' и сешто, минатата година научниците дојдоа до разни, навидум бизарни откритија. Ви го пренесуваме научнo-бизарниот топ 5.

Вештачки зајачки пенис
Научниците со помош на клетките од зајачкиот пенис создадоа вештачки пенис кој, откако го постигнал посакуваниот облик, го “зашиле“ на зајците чии полови органи претходно биле отстранети. По трансплантацијата, зајаците можеле без никаков проблем да се парат како зајаци :)
Орален секс кај љиљаците
Научниците открија дека кинеските т.н овошни љиљаци имаат орален секс за да го продолжат задоволството на партнерот, што претставува еден од првите докази дека животните можеби не практикуваат секс единствено поради размножување.
Гола Мона Лиза
Еден историчар на уметноста се сомневал дека Леонардо да Винчи насликал уште една верзија на славната Мона Лиза. Сликата која го прикажува неговиот најславен модел, гол од струкот па нагоре, пронајдена е во дрвените ѕидови на француската кардиналска библиотека, каде била сокриена скоро цел век. Стручњаците сега проверуваат дали ова интересно уметничко дело е навистина дело на рацете на Да Винчи.
Кучиња што светат
Јужнокорејските научници клонираа легло на генетски модифицирани кученца кои светат црвено во темница. Овие кученца се надоврзуваат на свињите и мачките кои светат, но сепак, целта на ваквите проекти не е да се создадат домашни миленичиња кои можете да ги пронајдете во мракот, туку да се развијат третмани за генетски болести кај луѓето.
Порака од иднината
Двајца научници сметаат дека несреќата која предизвика дефект на големиот хадронски колајдер, е всушност порака од иднината преку која нашите идни потомци се обиделе да ја сопрат работатат на LHC, поради тоа што овој конторверзен акцелератор би можел да предизвика катастрофа од невидени размери.