Палеонтологот Брокс Брит од Универзитетот Брингам Јанг откри четири черепи на диносаурус со огромно тело, се чини најдобро опишан со зборовите „булдожер со заби на грабливец“.

Во „каменоломот на диносауруси“, локалитет богат со наоди и остатоци на границата на Јута и Колорадо - држави кои го делат заштитеното подрачје Dinoasur National Monument, палеонтологот и минералог Брокс Брит откри четири черепи на нов, досега непознат вид на диносауруси кои тој ги нарече абидосаури (Abydosaurus).
Проучувајќи ги долгите големи коски палеонтолозите заклучија дека ова животно анатомски е многу слично на другите сауруподи, големи и тешки „вегетаријанци“ кои поради ваквите пропорции морале да одат на четири нозе, пренесува Sky News.
Најинтересен е черепот кој многу потсеќа на брахиосаурот, но наместо заби кои би дробеле растенија, челуста на абидосаурот е полна со остри шилести заби карактеристични за грабливците како тираносаурус рекс.
Од минатогодишното откритие на овој вид, кој живеел на преминот од јура во креда, научниците се обидуваат да ги откријат и другите особини и навики на овие непознати животни. Ловците меѓу нив обично биле двоножни. На две нозе биле многу поподвижни во трката за плен. Само големиот Ти-Рекс можел да биде ловец, а со големината да им се приближи на големите и бавни четвороножни роднини на Денвер кои се хранеле со растенија.
Б.И. | Кајгана