Паѓа интересот за купување музика на интернет. Според резултатите на компанијата PDP Group, музичката индустријата минатата година загубила повеќе од 1 милион купувачи на дигитална музика на интернет во однос на 2008 година.

Меѓу луѓето кои минатата година се откажале од купувањето на музика преку интернет, најголемиот број се корисници кои за првпат пристапиле на интернет во 2007. и 2008. година, го испробале купувањето на музика, но веднаш изгубиле интерес за истото.
Погодувате зошто? Торентите се далеку поинтересни и поисплатливи.
Добра вест за музичката индустрија е информацијата дека купувачите и понатаму имаат голем апетит за музика, односно, просечната потрошувачка на пари за купување музика на интернет пораснала од 33 на 50 долари годишно.
Представниците на PDP Group, потенцираат дека музичкиот пазар е сосема зрел, но за подобра промоција, музичката индустрија треба да се огледа на козметичката и прехрамбената индустрија, чии маркетинг експерти се далеку по вешти во промовирањето на своите производи на интернет.
М.Л. | Кајгана