Таинствените музички клипови кои се појавија на YouTube го привлекоа вниманието на многу музички блогери и „собраа“ стотици илјади клипови. Сите се интересираат за идентитетот на добро маскираната блондинка.
Многумина нагаѓаат кој може да стои зад овие фино смислени teaser-и зад кои стои YouTube корисник со име „iamamiwhoami“. Најдолгиот спот трае 82 секунди, а најкраткиот 63.
Сите песни носат кодирани имиња, а клиповите се мрачни, чудни и ја прикажуваат со црна боја премачканата плава пејачка. Стилот е електронски и иако флертува со експерименталните стилови, нема преголеми промени и иновации.
Најголемиот дел од блогерите сметаат дека станува збор за Кристина Агилера, чиј нов албум на кој соработува со Goldfrapp треба да се појави оваа година. Што мислите вие?
Б.И. | Кајгана