Според резултатите од истражувањето на компанијата NDP Group, нелегалното преземање на музика преку интернет минатата година е во пад за 25% во однос на 2008.
Според аналитичарите на NDP, една од главните причини за овој пад на интернет пиратеријата во САД е тоа што одреден број на луѓе едноставно си ја платиле музиката, или пак - ја преснимиле од своите пријатели.
Анкетата открива дека најголемата причина поради која опаѓа бројот на нелегално преземена музика од интернет е токму стравот од вируси и друг малициозен софтвер кој несакајќи може да се закачи при посета на страниците за нелегална дистрибуција на музика.
Интересно е тоа што втората најголема причина поради која корисниците се помалку преземаат нелегална музика од интернет е стравот за евентуална тужба од музичката индустрија, иако RIAA (Recording Industry Association of America) веќе објави дека нема да ги гони поединечните корисници.
Како трета значајна причина се набројува растот и се поголемата популарност на рекламите кои овозможуваат легално и бесплатно симнување на музика.

Освен намалувањето во бројот на нелегално преземени песни, NDP објави дека минатата година за 24 милиони се намалил и бројот на легални преземања преку интернет. Освен тоа, NDP ни открива и дека музиката индустрија загубила повеќе од еден милион редовни купувачи на легална музика преку интернет.
М.Л. | Кајгана