Правилата за номинациите за Греми наградите ќе се променат поради Лејди Гага, која и покрај големиот пораст на популарноста не можеше да биде номинирана за најдобар дебитант минатата година. Нејзиниот сингл „Just Dance“ беше номиниран за Греми година дена пред тоа, а правилата не дозволуваат дебитант да биде личност која веќе имала некоја номинација за Греми.

Сега ова правило е променето и во категоријата за најдобар дебитант ќе може да се најдат и уметници кои имале некоја номинација но не добиле Греми, исто како и оние кои не објавиле цел албум.
Лејди Гага во јануари доби две Греми статуетки, едната за најдобра песна, а другата за најдобар денс/електро албум. Многумина беа изненадени што пејачката не освои некоја награда во поголемите категории иако беше номинирана.
„Ќе воведиме некои промени за таквата ситуација да не се повтори. Младите музичари се повеќе и повеќе се претставуваат преку соработките на нечиј туѓ албум или може да се случи младиот уметник првиот сингл да го објави долго пред деби албумот“, изјави претседателот на Рекординг академијата Нил Портноу.
Б.И. | Кајгана