Насловната страна на февруарското издание на магазинот Elle ќе ја краси Џенифер Лопез. Во интервјуто за магазинот, Џеј Ло вели дека иако сеуште сака деца, не планира да се подложи на вештачко оплодување.
Во 2008-та година, Џенифер Лопез ги роди близнаците Макс и Еми и сега се надева на трето дете. Бидејќи веќе зачекори во четириесеттите, актерката е свесна дека ова нема лесно да го оствари, но сепак е одлучна ова да го остави во рацете на мајката природа и да го избегне вештачкото оплодување.
"Многу сум традиционална кога се во прашање семејството и врските. За ова имаше влијание моето воспитување, а освен тоа верувам и во Бога. Имам доверба во него и не сакам да му се мешам во неговите работи", изјави Џенифер за Elle.
