The Chemical Brothers, Mika и Röyksopp го потврдија својот настап на главната бина на Егзит фестивалот кој ќе се одржува од 8. до 11. јули 2010. Денс арената ќе ја угостат бројни звезди од електронската музика, a свои настапи потврдија Crookers, Boys Noize, Erol Alkan, Ida Engberg, SebastiAn, Busy P и DJ Mehdi.

Новата декада на Егзит фестивалот секако ќе ја одбележат мајсторите за незаборавни журки - The Chemical Brothers. Пионерите на биг бит звукот кои имаа најбројна публика на најголемиот светски фестивал – Glastonbury , двојката чив императив од самиот почеток се живите настапи , конечно доаѓа на Егзит. Иако публиката навикна Том и Ед секогаш да изненадуваат и секој нивни настап да биде бар за нијанса поразличен од претходниот, овој пат ветија дека ќе извадат нешто специјално од ракав и ја повикуваат публиката да се подготви за нивниот најдобар настап до сега. После скоро дваесет години и шест албуми Chemical Brothers е едно од највжните имиња на светската денс сцена, подеднакво успешни и барани во Европа и САД.
Норвешкото дуо Röyksopp на Егзит го носи својот заводлив и мелодичен електронски звук. Додека се натпреваруваат за најдобар спот на годината ("The Girl And The Robot"), за наградата Spellemannprisen (норвешки Греми) ова незапирливо дуо снима нов албум, кој треба да го објават во текот на годината. Röyksopp моментално владее со својот хит "This Must Be It".
Ова дуо е и фаворит на публиката на онлајн радиото Last.fm, повеќе од 750.000 слушатели ги имаат чуено повеќе од четири милиони пати.
Mika за својата музика вели дека лесно може да се дефинира , нејзините основни принципи се радост и моќ, и не прати мода и конвенционалност, а на овој начин не потсетува на старата заборавена порака на попот: индивидуалност. Покрај своите два студиски албуми и бројните награди кои ги прибра во текот на 2007.година, Мика покажа дека треба да се гаи слобода за да бидеме слободни. Без табу, со музичкото образование кое го поддржува во неговата креативност Мика на Егзит ќе донесе вистинска шарена визуелна бура.
Денс арената оваа година ќе ја угости италијанското дуо кое моментално владее со денс сцената Crookers, а свои настапи на Егзит потврдија и Boys Noize, Erol Alkan, Ida Engberg , како и имињата Ed Banger на етикетат SebastiAn, Busy P и DJ Mehdi.
На Денс арената доаѓа и кумот на техно звукот Ricardo Villalobos, креативниот и заразен Moderat, како и настапот на Josh Wink по повод 15 годишнината на продукциската куќа Ovum.
Свои настапи на Егзит веќе потврдија електро поп и рок составите Crystal Castles и Does It Offend You, Yeah?.

Дуото од Торонто Crystal Castles кое го сочинуваат Kath и Alice Glass, ја преврте електро поп сцената со својот бескомпромисен и интензивен звук , а публиката на овој регион прв пат ќе ги види на главната сцена на Егзит Фестивалот,
Бендот кој спаѓа во најинтересните преставници на новиот бран британски електро звук стил кои многу го споредуваат со The Killers, Daft Punk или Justice, Does It Offend You, Yeah? ќе настапи на Fusion стејџот на единаесетиот Егзит фестивал.
Влезници за Егзит 2010
Егзит ќе се одржи по единаесети пат, од 8 до 11 јули на магичнната Петроварадинкса тврдина покрај Дунав во Нови Сад. На фестивалот традиционално настапуваат едни од најпознатите светски музичари на планетата но и посетители од сите континенти. Познат по неверојатната атмосвера и една од најдобрите Денс арени на светот , единствената локација , Егзит во новата декада ќе и понуди на публиката највозбудлив летен провод и незаборавни настапи на повеќе од 600 изведувачи на преку 20 фестивалски бини.
Kaко што не информираа од Литиум Рекордс, влезниците за Егзит фестивалот може да се купат во Југотон во ГТЦ први спрат по промотивна цена од 3650 денари
Цената на редовната влезница ќе чини 7315 денари