На 30-то доделување на Brit Awards наградите за поп и рок музика кое се одржа синоќа во Лондон, Лејди гага триумфираше освојувајќи три награди.

Ексцентричната пејачка ги освои наградите за најдобра пејачка од странство, најдобар странски албум (The Fame), како и за најголемо странско откритие на годината.
За најдобра пејачка е прогласена Лили Ален, а американскиот рапер Џеј Зи ја доби наградата за најдобар странски пејач.
Групата Florence and the Machine ја доби наградата за најдобар британски албум на годината за албумот Lungs.
Албумот Morning Story на Оејзис e прогласен за најдобар британски албум во изминатите 30 години.
Погледнете го настапот на Лејди Гага:
Д.Л.