» поопширно

You are missing some Flash content that should appear here! Perhaps your browser cannot display it, or maybe it did not initialise correctly.

You are missing some Flash content that should appear here! Perhaps your browser cannot display it, or maybe it did not initialise correctly.

За убави гради треба да се потрудите

Intimate Medicine

Зголемените температури значат се' помалку облека, плажи и забава, но и откривање на деколтето. За да се чувствувате сигурно и задоволно со своите гради ќе ви помогнат советите што следат.

За убава и мазна кожа треба малку да се потрудите

Мозолчиња и остатоци од мртва кожа кои често се гледаат како посветол тен без сјај, дури и на градите не се баш привлечни. За убава кожа на деколтето најдобро ќе се погрижите со комбинација од прскање со ладна вода, пилинг и креми. Наизменичното прскање со топла и ладна вода ја подобрува циркулацијата па поради тоа градите ќе делуваат по цврсто, а по привлечни ќе бидат и вашите брадавици.

Пилингот ќе ви помогне да со грубите зрнца од шеќер или сол ги отстраните мртвите клетки. Може да користите индустриски, односно купен или пилинг направен дома. По третманот со пилинг градите ќе бидат мазни и меки, а добро е после тоа веднаш да ставите и крема и веднаш да се измасирате. Масажата ќе допринесе за убавина и цврстина на градите. Непријател на убавите гради е и прекумерното сонце, па затоа  откажете се од претераното посетување на солариум или сончање на плажа. Изгорената кожа и онака ќе делува постаро.

Деколтето може да го зголемите со мали трикови

Во негата на градите може да се вметне и козметиката со чија помош оптички ќе го зголемите деколтето. Во вдлабнатината помеѓу градите ставете малку светкава пудра или крема со светки затоа што одблесокот на светлост ќе создаде изглед на поголеми гради. Ако одите на некоја забава земете пуш-ап градник, но не претерувајте.

Доколку вашите гради се навистина мали, а вам тоа исклучително ви смета не претерувајте со подигање на деколтето, затоа што поради малите гради тоа нема да биде баш успешно. Подобро е да ги нагласите другите атрибути кои исто така ги излудуваат мажите: нагласете ги усните, убавиот грб, долгите нозе или нешто друго. Ако сакате да отидете на естетска операција, добро размислете и одберете ја онаа големина која ќе биде во склад со градбата на вашето тело. Високите и по силно градените девојки може да си дозволат и поголеми гради. Внимавајте на големината за да на крајот не изгледате смешно наместо привлечно.

За цврстина на градите треба да вежбате

Побарајте и некои вежби кои ќе го зацврстат вашиот граден кош. Важно е со вежбањето да го зацврстите целото тело, затоа што во спротивно резултатите нема да бидат задоволителни. Особено е важно правилното држење на телото кое ќе го постигнете со вежбите за здрава карлица затоа што таа е потпора на градите. За вежбање подгответе спортски градник за да вашите гради во текот на вежбањето останат фиксирани. Со тоа ќе избегнете опуштени гради. На жените со поголеми гради за подобар сон им препорачуваме перничиња кои се местат под градите.

Иако рецептот за убави гради е многу едноставен, треба да бидете свесни дека стареењето и бременоста го прават своето, па нормално е со текот на времето градите да ја изгубат еластичноста.

Повеќе на intimatemedicine.com

Kajgana.com
Македонија
10.09.2010 | 15:36

Владата на последната седница донела одлука за смена на неколкумина директори. Премиерот  Никола Груевски потврди дека на седницата биле донесени кадровски решенија, но повеќе детали најави за утре...

Kajgana.com
10.09.2010 | 15:16

Освоениот медал на Медитеранското првенство кое минатиот викенд се одржа во Кушадаси, Турција за Македонија претставува најголем успех во досегашната историја на женското карате во екипна конкуренција во дисциплината борби...

Backstage

Kajgana.com | http://kajgana.com

Сурферки

Еве зошто е подобро да "аднете" што повеќе девојки на вашата листа на пријатели кои сурфаат на бранови, отколку девојки кои сурфаат на интернет. Галерија со 30 фотографии.

Kajgana.com | http://kajgana.com

Боксерки

Има ли некој од вас кој не би прифатил дуел  со овие девојки? Одговорете на предизвикот, клик на сликата за повеќе. Галерија со 30 фотографии.

Kajgana.com

Кога океанот ќе полуди...

Неодамна на Live Leak се појави снимка на која можете сосема фино да видите што се случува кога патувате со огромен модерен брод - крузер, а ваш противник се брановите кои достигаат и до петтиот кат од бродот. Како партали летаат...

Kajgana.com

Играј за мене, брате вандале

Еден брачен пар во Нов Зеланд фатил двајца вандали кои со графити наводно им ја уништиле оградата па ги натерале да играат (?!) додека ја чекаат полицијата да дојде и да ги уапси. Се е снимено, нормално...

Kajgana.com

Ја смачка за 10 секунди

Не ви го препорачуваме клипов доколку подоцна во текот на денот планирате да се разладите со свежа сочна лубеница. Не за друго, туку ќе се демотивирате моментално. Како зошто? Џеки ќе ви го каже вицот...

Kajgana.com

Барила и Ханибал

Ако сеуште не ви е јасно за што служат справите на кејот на Вардар, не можевте да најдете подобро демонстративно видео од ова. Во продолжение, следуваат повеќе од 8 минути интензивни...

Kajgana.com

Кој е шеф сега?

Извадок од некое глупо американско шоу во кое (замислете) треба да го погодите витезот со чатал на лубеници. По силното бодрење од страна на водителката и очекуваниот хедшот-фејл кој речиси го остави девојчето без глава, следува...

Kajgana.com

Родени на среќен ден

Еве една добра компилација на моменти во кои или во рајот правеле попис, или се воведувал биометриски систем на лични исправи па имало огромна гужва, поради која среќнициве куртулиле блиска средба од ултимативен вид со воз...

Kajgana.com

Light up

Игра како создадена за ден пред викенд. Релаксирачка, но сепак доволно интересна за да украде квалитетен дел од вашето време. Целта е да ги запалите проѕирните топчиња. Следете го туторијалот на почеток.

Kajgana.com

Assassin Jane Doe

Ставете се во улога на озлогласената платеничка позната под името Џејн Доу и тестирајте ги вашите атентаторски способности. Ваша цел е успешно да го комплетирате договорот и да побегнете од местото на злосторот.

Kajgana.com

Mario Bounce

Вака некако изгледа Супер Марио кога ќе изеде премногу "волшебни печурки". Иако значително модифицирана, гејм плејот на оваа игра е ист како и на оригиналната - јадете печурки и бегате од лошите.

Kajgana.com

Eenie Balance

Лесна, летна игрица, која ќе ви помогне да ги пребродите периодите на досада на работното место. Целта е да го балансирате црвениот шестоаголник на лостот. И токму кога ќе помислите дека би можеле така и цел ден...

Kajgana.com

Puzzles of Gemland

Одамна не сме играле некоја загадочна игра, па време е малку да го ставиме мозокот во функција. Секое ниво има посебна задача, следете ги инструкциите пред почетокот.

Kajgana.com

Bike Mania Arena

За разлика од претходните верзии, за да ги совладате патеките на оваа игра ќе треба да вложите малку повеќе труд и трпение. Досадно на работа? Сакате да се испробате?

© 2005-2010 Kajgana Media