
Кристијано Роналдо е нов модел за долна облека на Армани. Неговите нови фотографии ќе ги израдуваат жените ширум светот.
Згодниот фудбалер ќе ја рекламира колекцијата на долна облека на Армани за сезоната пролет/лето 2010. Роналдо ќе го замени неговиот колега Дејвид Бекам кој беше модел на Армани од почетокот на 2008 година.
Најновата одлука на Армани ги воодушеви жените ширум светот кои отсега ќе можат да уживаат во совршеното тело на згодниот Португалец.