
Четвртина од жените носат само 10% од облеката која ја имаат, а дури 90% од жените во плакар имаат понекое парталче на кое сеуште не му е извадена ни етикетата.
Океј, женската страст кон шопингот е добро позната. Добро познато е и дека понекогаш нивниот шопинг е бизарен, па купуваат парталчиња кои воопшто не им се потребни, па со месеци не им ја ни симнуваат етикетата.
За бизаното да биде уште побизарно, 79% од жените во минатото купиле барем едно парталче за кое знаеле дека никогаш нема да го облечат. Анкетата е спроведена од Mycelebrityfashion.co.uk, а интервјуирани биле 1.623 жени на возраст помеѓу 18 и 30 години.

Жените вечно се борат со вишокот килограми, па 84% од нив во плакарот имаат облека која повеќе не може да ги собере, но се надеваат дека ќе ослабат и ќе можат повторно да ја носат. Кога е во прашање староста на облеката, 46% од жените чуваат по некое парче постаро од 10 години во надеж дека повторно ќе се врати во мода.
Само 8% од жените ја носат целата гардероба која ја поседуваат.