Анкетата која ја направи најголемиот центар за онлајн истражувања OnePoll вели дека светските патници ги сметаат жителите на САД за најпривлечни луѓе во светот. Што знаат светските патници...

Во анкетата учествуваа 5.000 патници кои ја оценуваа привлечноста на различни нации.
Во анкетата очекувано победи земјата во која живеат Џорџ Клуни, Бред Пит, Меган Фокс и Анџелина Џоли.
Следи Бразил чии жители веќе на ниво на поп-културата се сметаат за едни од најубавите во светот (или барем Бразилките :) ), но не е на одмет да спомнеме дека токму Бразил е втората земја во светот по број на естетски зафати, веднаш зад - погодувате - САД.
На листата следат страсните Шпанци, па Австралијците и Италијаните.
Еве ги првите 20 според OnePoll:
1. САД
2. Бразил
3. Шпанија
4. Австралија
5. Италија
6. Шведска
7. Англија
8. Индија
9. Франција
10. Канада
11. Мексико
12. Португалија
13. Велс
14. Русија
15. Јапонија
16. Ирска
17. Аргентина
18. Холандија
19. Шкотска
20. Германија
Б.И. | Кајгана