Најпожелна жена во 2010 година е канадската актерка Емануела Чрики. Вака одлучија осум милиони луѓе кои учествуваа во годишната анкета на AskMen.com.

„Ова е најголем комплимент и многу ми ласка“, вели Емануела, која минатата година се најде 12. места подоле на истата листа.
32-годишната актерка мажите ја преферираат повеќе од американскиот модел Мариса Милер, која се најде на второто место и британската актерка Кејт Бекинсејл која е на трето.
Четврта е бразилскиот модел Алесандра Амбросио, а петта на листата најпосакувани жени е Џесика Алба.