Убава жена е секогаш убава, но истражувачите кои очигледно се трудат да дојдат до статистика за секоја баналност на Земјава, сакаа да дознаат точно на која возраст жените се најубави. И дознаа.

Според најновото истражување врвот на убавината жените го достигнуваат во 31-та година, пренесува Telegraph.
Жените во доцните дваесетти и почетокот на триесеттите години се сметаат за поатрактивни и од девојките на возраст од 18 до 19 години.
Анкетата, чии резултати се базираат на мислењето на повеќе од две илјади мажи и жени, покажува дека убавината е прашање колку на надворешниот изглед, толку и на внатрешниот.
На прашањето, кога жените се најатрактивни, повеќето одговорија дека во 31-та година припадничките на понежниот пол изгледаат најпривлечно.
Убавината е прашање на самодоверба, велат 70 проценти од одговорите, додека за добар изглед се определија 67 проценти, а 47 проценти сметаат дека во преден план е стилот на жената.