Explore and Share е името на новата технологија во развој која овозможува исклучително брз пренос на податоци. Под брз подразбираме трансфер помеѓу 10 и 20 MB во секунда.

Nokia го претстави Explore and Share на својот официјален блог преку видео демонстрација. Не открива која безжична технологија ја користи, туку ја именува како “нова радио технологија“.
Функционира на начин што мобилниот телефон се поставува на направа наречена “writer“. Кога безжичната врска ќе се воспостави (а, тоа се случува скоро инстантно), мобилниот е автоматски препознаен и на него можете да симнете разни содржини со помош на екранот чувствителен на допир.
Погледнете како цел албум од Брус Спрингстин се симнува за само 10 секунди!
И.Е. | Кајгана