Nokia одлучи на корисниците на нивните мобилки кои употребуваат оперативен систем Ѕymbian, да им понуди бесплатeн Skype за VoIP телефонски разговори.
Skype за мобилките на Nokia може бесплатно да се превземе во онлајн продавницата на Nokia, Ovi Store, a работи на следните модели: Nokia E71, N96, N85, 5320, 6210 Navigator, 6220 classic, N78, N79, E63, E66, N82, E51, N95, N95 8GB, N81, N81 8GB, E90, E72, 5800 XpressMusic, N97, N97 mini, X6 и 5530.
Од Skype тврдат дека планираат својата апликација да ја понудат и на останатите корисници на Symbian, а прв на ред е Sony Ericsson.
Б.И. | Кајгана