
Samsung
Денес, на отворањето на Светскиот мобилен конгрес (Mobile World Cоngress) во Барселона, јужнокорејскиот Samsung го претстави својот најнов паметен телефон. Станува збор за Samsung S8500 Wave, кој е најавуван како сериозна конкуренција на iPhone.
Samsung S8500 Wave e специфичен по тоа што го користи новиот оперативен систем bada, кој Samsung го најави уште во ноември минатата година, во кој ќе се најде познатиот кориснички интерфејс TouchWiz на Samsung.
Освен тоа, најновиот паметен телефон од Samsung доаѓа и со OLED екрaн од 3,3 инчи, процесор со брзина од еден гигахерц, камера со резолуција од 5 мегапискели, а ќе биде достапна и варијанта со меморија до 8 гигабајти. Се разбира, истата ќе може да се зголеми по желба со мемориски картички.
Се'уште нема информации за неговата цена, а на пазараот би требало да се појави во април оваа година.
И.Е.