Меѓу мноштвото апликации за iPhone, на ред дојде и онаа за осамените (веројатно и "малку" очајни) срца кои сакаат својата сродна душа да ја најдат на “hi-tech“ начин.
Од идната недела во App Store ќе биде достапна LoveStruck апликацијата која на самците ќе им го олесни пронаоѓањето на партнер и ќе им овозможи користење на веќе постоечкиот LoveStruck онлајн дејтинг сервис.
LoveStruck e специфичен по тоа што ќе ве известува ако потенцијална сродна душа се најде во ваша близина. Доколку на апликацијата и дозволите да ја прати вашата локација, ќе ви праќа известување секогаш кога некој кој би можел да ви се допаѓа се најде на радиус од 50, 100 или 500 метри од местото на кое се наоѓате.
На пример, ако се наоѓате во кафуле, а во близина седи вашиот идеален партнер, ќе можете да го контактирате преку апликацијата. Се разбира, постои и онаа “старомодна“ можност да му пријдете лично (ви текнува?), но зошто да го правите тоа кога можете да се сокрие позади вашиот iPhone, нели?
Инаку, апликацијата во иднина ќе биде достапна и за Андроид платформата.
И.Е. | Кајгана