Една од идните верзии на iPhone ќе биде единствениот клуч кој ви треба. Така барем се тврди во патентот кој Apple на 18. февруари годинава го пријави во американската канцеларија за заштита на интелектуална сопственост под број 2010/0042954 А1. Патентната пријава е исклучително детална и од напишаното станува јасно дека Аpple толку ја развил технологијата што само чека да биде вградена во новите генерации на преносни уреди.

US Patent Office
Технологијата се темели на новиот концепт чиј сложен технички назив би се превел како “комуникација со блиското поле“ (NFC). Сепак, спротивно на името, нештата се многу поедноставни.
За разлика од инфрацрвената безжична комуникација (како далечинските управувачи, на пример), bluetooth, домашните безжични мрежи и сите останати, NFC функционира од непосредна близина. iPhone-от во кој ќе биде имплементирана оваа технологија ќе има чип што, како и телефонот, ќе биде заштитен со ПИН код.
Програмот, за чие име се шпекулира дека ќе биде iKey, отклучува се': мали катанци на касички, автомобили, врати на влезот од домот и работното место, гаражи, па се до трезори во банка. Притоа, се активираат и чипот во телефонот за сигурност и GPS сензорот за позиционирање на телефонот.
Единствениот проблем кој Apple би можел да го има е името iKey, кое ќе го дели со еден произведувач на тастатури, со софтвер за автоматско изведување на рутински компјутерски постапки и со истоимениот забавен програм на iPhone кој само ја имитира оваа идна опција.
И.Е. | Кајгана