
Кај жените кои во менопауза влегуваат пред 46-тата година, постои два пати поголема опасност од појава на кардиоваскуларни заболувања, како и срцеви и мозочни удари - покажаа резултатите од едно американско истражување.
“Младите жени во менопауза можат поенергично да делуваат на минимизирање на другите ризични фактори за појава на кардиоваскуларните заболувања, како што е зголеменото ниво на холестерол и хипертензијата, со физичка активност и здрав начин на исхрана“, вели доктор Мелиса Велонс од универзитетот во Алабама, шеф на истражувањето што било спроведено врз околу 2.500 жени.