» поопширно

You are missing some Flash content that should appear here! Perhaps your browser cannot display it, or maybe it did not initialise correctly.

You are missing some Flash content that should appear here! Perhaps your browser cannot display it, or maybe it did not initialise correctly.

Треневски: Промена на заклучокот од самитот во Букурешт

29.07.2010 | Македонија | Извор: Кајгана

Новоименуваниот амбасадор на Македонија во НАТО, Мартин Треневски рече дека ќе се залага за промена на заклучокот на самитот на алијансата во Букурешт, со цел воспоставување на покоректен однос кон Македонија како земја кандидат и нејзино зачленување во Алијансата.

При претставувањето на својата платформа пред членовите на собраниската Комисија за надворешна политика, Треневски условот за надминување на спорот со името го нарече „чиновничко размислување“, за кое ќе се залагал да се надмине.

„Ќе настојувам и лично, и ние како мисија, пред сè во контактите со амбасадорите на земјите-членки на Алијансата, да она што е заклучок од завршното коминике од самитот во Букурешт да се корегира и да се воспостави еден многу покоректен однос кон нас како земја кандидат, која што давала, дава и ќе дава придонес во рамките на своите можности и потенцијали за целите и идеалите на Алијансата.“, рече Треневски.

Амбасадорот Треневски смета дека недозволиво е, под изговор за солидарност, да се врши, како што рече, политичка и економска агресија врз Македонија.

„Ако горат шумите околу Атина, или има не дај боже, елементарна непогода, ние сме први соседи, ќе пристапиме да помогнеме. Меѓутоа, солидарност со нешто што со политички речник може многу слободно да се дефинира како политичка и економска агресија на земја-членка на Алијансата врз земја-кандидат за членство, мислам дека ниту една демократија не би можела да се согласи со такво нешто. Нема тука солидарност“, рече Треневски.

Ваквите ставови на Треневски од опозицијата ги оценија како катастрофален пристап на новоименуваниот амбасадор. Игор Ивановски од СДСМ рече дека е недозволиво Треневски да се користи со, како што рече, дипломатски недозволена реторика.

„Многу е опасно јавно да истакнувате и да се гордеете со тоа дека вие сте се спротивставувале на принципите на НАТО и сакате дополнително да го правите тоа сега од позиција на формален амбасадор на Република Македонија во НАТО. Фалеше уште да ни ја кажевте методологијата како ќе го правите тоа“, вели Ивановски.

Според него, Треневски отишол и чекор понатаму од, како што рече, проблематичните ставови на владата.

„Не можам да разберам на кој начин вие застапувате став дека Македонија треба да работи на корегирање на заклучокот на самитот на НАТО во Букурешт во 2008-ма година. Господине Треневски, тоа е завршена работа. Заклучок на еден самит е заклучок на тој самит. Што ќе се случува на следниот, тоа е друга работа“, рече Ивановски.

Членот на Комисијата, пратеникот Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ не гледа ништо спорно во ставовите на Треневски. Рече дека тој е адекватно решение за амбасадорското место во седиштето на НАТО.

„Очигледно е, јасно е, сите гледаме, сите чуствуваме дека грчката политика води политика на анимозитет и антагонизам спрема Република Македонија. Политика што е непринципиелна, политика што не е во функција на добрососедските односи“, рече Ѓорчев.

Павле Трајанов од Демократскиот сојуз, од своја страна, побара да се изгради национален консензус во однос на спорот со името. Смета дека не постои друга опција за зачленување во Алијансата без решение на проблемот со Грција.

“Мислам дека многу не треба да бидеме оптимисти дека отворените прашања што ги има Република Македонија, посебно спорот наметнат од страна на Република Грција за нашето име, дека тој спор може да се надмине со некаков друг консензус или некои други ставови од страна на влијателните членки на НАТО“, рече Трајанов.

Треневски, кој на амбасадорската функција ќе го наследи Кире Илиевски, рече дека неговото именување доаѓа во многу специфичен момент и за Македонија и за Алијансата. Тој рече дека ќе работи на добивањето покана за членство на ноемврискиот самит на НАТО во Лисабон.

Kajgana.com
Македонија
06.09.2010 | 16:19

Државниот инспекторат за транспорт казни 273 лица кои во јуни, јули или август не платиле патарина, соопштуваат од Министерството за транспорт и врски...

Kajgana.com
06.09.2010 | 17:07

На конгресот на ФИБА што се одржа во Истанбул за нов претседател на меѓународната кошаркарска федерација со 174 гласови за е избран Иван Менини од Франција, на местото на досегашниот прв човек Боб Елфинстон...

Backstage

Kajgana.com | http://kajgana.com

Русија пред еден век, во боја

Тешко е да се поверува, но оваа невообичаена колекција на фотографии е направена во периодот помеѓу 1909 и 1912 година. Тогаш, рускиот фотограф Сергеј Микаилович Прокудин-Горски (1863-1944) работел на фото-анкета со...

Фотошоп катастрофи, reloaded

Блогот кој претставува централна база на сите унаказени фотографии обработени од (не)талентирани Фотошоп мајстори, објави нова збирка на дела кои вредат да се погледнат. А кога ќе ги забележите грешките...

Kajgana.com

Ако ги немаш, измисли ги

Италијанскиот второлигаш Триестина мачи мака со своите навивачи кои никако да посакаат да ги гледаат своите пулени од трибините на стадионот Нерео Роко со капацитет од 32.454 гледачи. Но, "жабарите" дојдоа на идеја која не се гледа секој ден...

Kajgana.com

Ептен се внесе во фрлањето

Кармата ќе ве стигне, кога тогаш. Не верувате? Не сме закоравени фанови на серијата My Name Is Earl, туку едноставно ги следиме практичните показни кармички вежби, како на пример во овој случај...

Kajgana.com

И, му фали даска или не?

Прво да се разбереме: ова не е бран, ова е подвижна планина. И за да сурфаш на/под неа не ти треба даска, туку најважно е да имаш јајца од адамантиум или волфрам. Или базалт. А можеби и од гранит. Еве зошто..

Kajgana.com

Параплегија, шмараплегија...

Арон Фотерингам е 18-годишно момче кое е одамна познато по своите акробации кои ги изведува со својата инвалидска количка. Овој љубител на екстремните спортови не дозволи инвалидитетот да го спречи да го прави она што го сака...

Kajgana.com

Еве зошто кинеските производи се ефтини

Финалната цена на еден производ во голема мера зависи од факторите кои влијаат кон производството на истиот. Во случајов, човечкиот фактор е и тоа како значаен. И немојте да мислите дека ги пакуваат без врска „како ќе им се фати“ :)

Kajgana.com

3-минутен оргазам, by Јоко Оно

Предупредување: забрането за лица помлади од 18 поради опасност од развивање на асексуалност. Не ни е јасно дали Џон Ленон бил толку стимулативен, дали модерната уметност до толку заминала во неповрат или...

Kajgana.com

Assassin Jane Doe

Ставете се во улога на озлогласената платеничка позната под името Џејн Доу и тестирајте ги вашите атентаторски способности. Ваша цел е успешно да го комплетирате договорот и да побегнете од местото на злосторот.

Kajgana.com

Mario Bounce

Вака некако изгледа Супер Марио кога ќе изеде премногу "волшебни печурки". Иако значително модифицирана, гејм плејот на оваа игра е ист како и на оригиналната - јадете печурки и бегате од лошите.

Kajgana.com

Eenie Balance

Лесна, летна игрица, која ќе ви помогне да ги пребродите периодите на досада на работното место. Целта е да го балансирате црвениот шестоаголник на лостот. И токму кога ќе помислите дека би можеле така и цел ден...

Kajgana.com

Puzzles of Gemland

Одамна не сме играле некоја загадочна игра, па време е малку да го ставиме мозокот во функција. Секое ниво има посебна задача, следете ги инструкциите пред почетокот.

Kajgana.com

Bike Mania Arena

За разлика од претходните верзии, за да ги совладате патеките на оваа игра ќе треба да вложите малку повеќе труд и трпение. Досадно на работа? Сакате да се испробате?

Kajgana.com

Болва

Игрица од типот на Супер Марио, во која главна цел е да ги соберете паричките и да стигнете до крајот на нивото. Команди: Користете ги стрелките за движење, SPACE за скок.

© 2005-2010 Kajgana Media