Пратениците во петок на седница ќе расправаат за интерпелацијата на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која ја поднесе опозицијата.
„Им сугерирав и на власта и на опозицијата бидејќи ова е чувствително прашање да се води на соодветно ниво“ рече во вторник претседателот на парламентот Трајко Вељаноски.
За утврдување на политичка одговорност за собранискиот инцидент СДСМ поднесе интерпелации за претседателот на Собранието Трајко Вељановски и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
На први јули неколку пратеници од опозицијата се судрија со припадник на обезбедувањето.
Пратениците по дваесетина дена од инцидентот успеаа да го изгласаат персоналниот состав на опозицијата кој треба да го расчисти инцидентот.