Иако најчесто се тврди дека најдобриот секс луѓето го имаат во триесеттите години од животот, некои сексолози тврдат поинаку и типуваат на сексуална револуција две декади подоцна.

Ако ова ве чуди поради воспоставеното мислење дека жените во педесеттите години од животот не се најрасположени за секс, мора да ви кажеме што викаат некои стручњаци: оној помал дел од поубавиот пол кој во овие години не се одрекол од сексот и тоа како ужива во него.
Ако можете да прејдете преку фактот дека телото и хормоните ви се менуваат и да го прифатите тоа како нормален развој на настаните, сексуалното уживање е неизбежно, според др. Ирвин Голдстејн, раководител на одделот за сексуална медицина во болницата Алварадо, САД.
Причините за ова, според него, се многу.
„После менопаузата не мора да се оптоварувате со менструацијата, децата кои ви скокаат по кревет и може да имате секс на различни места бидејќи претпоставката е дека никој нема да ви смета“, вели докторот.
Како една од најважните причини за потполно уживање во сексот тој го наведува фактот дека токму во овие години можете потполно да се опуштите и да не мислите на несаканата бременост.
„Само помислете: нема повеќе тампони, хигиенски влошки, таблети, дијафрагми и кондоми - се што ви останува е безгрижен секс“, објаснува др. Голдстејн.
Желбата како фактор се подразбира :)
Б.И. | Кајгана