Луѓето кои рекреативно трчаат имаат поактивен сексуален живот од оние кои тоа не го прават, покажуваат резултатите од најновото истражување и пофалбите од нашите пријатели џогери :)

Истражувањето открива дека секој десетти џогер има секс најмалку еднаш во денот, а 3% од нив тоа го прават два пати на ден.
Во истражувањето учествуваа 10.000 хроници за џогинг стазата и 10.000 луѓе кои имаат близок допир со трчањето на секои четири години, за време на летните олимписки игри.
Откриено е дека мажите за време на трчањето почесто размислуваат на секс. Тоа го прават само 5% од жените.
Откриено е и дека четвртина од луѓето кои рекреативно трчаат сметаат дека таа активност им помага во зголемувањето на привлечноста кај спротивниот пол. Повеќе од третина од џогерите признаваат дека за време на трчањето користат прилики да запознаат колешки џогерки, пишува UK Herald.
Според научниците трчањето е добар начин за запознавање на потенцијални партнери или партнерки, па џогингот им го препорачуваат силно на сите самци.
Б.И. | Кајгана