Intimate Medicine
Сексолозите во 2009-та не мируваа. Резултатите од некои истражувања се исклучително изненадувачки и на границa со можното. Па, прочитајте дел од оние откриени минатата година.

Потта нема секогаш ист мирис
Машката пот при сексуална возбуда има поинаков мирис отколку во другите ситуации, објавено е во The Journal of Neuroscience.
Според ова откритие се смета дека жените се во можност потсвесно да го разликуваат и препознаат тој мирис кој, се разбира, делува на привлечноста. Во кој домен тоа сознание се разликува од делувањето на женските феромони истражувачите допрва треба да откирјат.
Навременото вадење на пенисот делува
Барем, во повеќето случаи. Машкото ветување “не се грижи, знам јас, пазам“ од сега и не е толку неуверливо, ако мажот знае да реагира благовремено. Истражувачите во минатогодишното јунско издание на магазинот Conception тврдат дека навременото извлекување на пенисот од вагината пред ејакулацијата е “скоро делотворно како кондом“.
Извлекувањето на пенисот е делотворно во 82% од случаите, додека кондомот е делотворен во 83% од случаите. Зошто тогаш производителите на кондоми тврдат дека кондомот е сигурен во 99% од случаите?
И децата имаат секс
Истражувањето на Универзитетот во Ајова поврзано со сексуалноста во сиромашните семејства покажа дека дури 25% од децата на возраст од 11 до 16 години имале сексуални односи. Просечната возраст на која децата вклучени во истражувањето ја изгубиле својата возраст е 12,7 години. Да се надеваме дека глобализацијата тој тренд нема да го донесе и во нашите краишта.
Зголемувањето на пенисот е возможно
Во истражувањето кое го спорведоа на Универзитетот во Торини, научниците дознаа дека различните техники за зголемување на пенисот навистина делуваат. Најдобрата меѓу нив, која го користи растегнувањето на мекото ткиво на пенисот, може да ви донесе до 4 сантиметри. Ваквите истражувања се навистина добредојдени. :)
Сексуалноста влијае врз ракот на простата
Мажите помеѓу дваесетите и четириесетите години кои се сексуално поактивни од просекот, изложени се и на поголем ризик од рак на простатата. Тоа го тврдат истражувачите од Универзитеото во Нотингам. Овој ризик би требало да се намалува со староста - после педесетата година сексуалната активност би требало да делува како превенција од добивањето на рак на простатата.
Повеќе на intimatemedicine.com