Каде треба да патувате ако барате партнерки ептен расположени за секс, во која земја мажите чуда прават во кревет, каде жените немаат ништо против девојка плус во сексуалнте игри...Ова и уште повеќе ви открива “секс атласот“ кој The Sun го објави откако ги собра бројните истражувања поврзани со сексот и нациите на едно место.
Ако зборуваме за најпромискуитетни жени, статистиките покажаа дека тоа се оние од Нов Зеланд кои просечно менуваат по 20 партнери во текот на својот живот. Кај машкиот пол пак, оваа “титула“ оди кај Австријците кои во просек имаат по 29 партнерки.
Студијата во која учествуваа жени од 20 земји покажа дека Германците се најлоши љубовници на светот, и тоа затоа што смрдат. Нивна спротивност, односно најдобри љубовници на светот, според истата студија, се Шпанците.
Кога се работи за најнапалена нација, првото место на таа листа го завземаат Грците, а што се однесува до издржливоста во кревет, нема подобри “маратонци“ од Бразилците - сексот со нив во просек трае по 30 минути.
Во Шведска, освен многу згодни блондинки има и најмногу бисексуалки, а во Сан Франциско сексот има “кинки шмек“.
И.Е. | Кајгана