Верувале или не (верувале, не?) разводот е баш како заразна болест. Научници тврдат дека постојат големи шанси да дојде до распаѓање на вашиот брак доколку се разведат некои ваши пријатели или колеги.
Неодамнешната студија покажа дека разводот (или прекинот на врската) на вашите пријатели има одраз и на вашиот брак, бидејќи тогаш и вие започнувате да го анализирате вашиот однос со брачниот партнер.
„Разводот влијае на вашите пријатели, но и на пријателите на вашите пријатели“, изјави Роуз Мекдермот од Универзитетот Браун на Роуд Ајленд, раководител на студијата, пренесуваат американските медиуми.
Истражувањето покажа дека можноста за развод е 75% доколку некои ваши блиски луѓе (фамилија) веќе тргнале „секој на своја страна“.
Ако станува збор за вашите разведени пријатели, можноста да ве снајде истата судбина е 33%.
„Колку повеќе разведени луѓе познавате, толку е поголем ризикот дека и вашиот брак ќе се распадне, без оглед на тоа дали имате деца или не“, велат научниците.
Б.И. | Кајгана