Intimate Medicine
Уживајте на жешкото сонце, песокот и опуштеноста - овозможете си незаборaвен секс за време на годишниот одмор.

Предиграта може да ја започнете во базен. Најдобро е да одберете оддалечено катче на кое ќе можете да се мазите под вода. На базен отидете кога нема гужва, рано наутро или покасно навечер. Така полесно ќе добиете место за секс на одмор. Всушност, нема да имате секс баш во базенот, но тоа е одлично место за предигра. Љубопитните на површината ќе видат двајца невини, заљубени луѓе, а под вода може да правите што ќе посакате.
Не бидете срамежливи и ставете ги рацете во нејзините/неговите гаќички, но внимавајте до каде одите. Секс во базен може да направи да ве избркаат. Трикот е во тоа да вашите допири бидат незабележливи. На тој начин можете да ги засилувате своите чувства и нестрпливо да го очекувате моментот кога ќе останете сами. Предиграта може да ја продолжите дома и да си приуштите влажен секс на работ од кадата. Ако посакате секс на базен или на плажа, дозволете си го под заградените тушеви. Дневното мазење на плажа заменете го со секс за време на ноќното капење. Изберете затскриена плажа.

Сексот на плажа бара и малку внимание затоа што ќе морате да отпливате малку подлабоко во морето. Внимавајте на острите карпи и силните морски струи кои може да ви го уништат планот. За да сексот на море биде што по едноставен, набавете плута и со неа отидете до длабокото море. Таму никој нема да ви пречи. Секс на сигурно ќе ви овозможи и педелинка или брод со кои брзо ќе ја напуштите плажата.
Класичен секс на плажа
Секс на плажа е синоним за романтичен и возбудлив секс кој во вас ќе го разбуди чувството на дивина и поврзаност со природата. Сексот на плажа е возбудлив и поради можноста некој да ве гледа. Најдобро е сексот на плажа да го искусите кога ќе падне мрак или на некоја оддалечена плажа. Со себе понесете и повеќе пешкири со кои би можеле да се покриете ако сексот на плажа ви го расипат неочекувани гости. Ако во себе имате егзибиционистичка жичка, сексот на отворено особено ќе ве возбуди. И уште еден практичен совет за секс на плажа: ако е жешко и сончево, побарајте сенка, затоа што сонцето само ќе ве изгори и замори.
Секс на кревет во апартман
Иако можеби звучи досадно, сексот на креветот од апартманот многу се разликува од сексот во сопствениот кревет. Во подобар хотел можете да побарате собна услуга и да си овозможите секс на хотелски кревет со јагоди и шампањ. На вратата ставете знак “Не вознемирувај“ и цел ден уживајте еден во друг. Избегнете ја попладневната жештина и угодувајте си под туш уживајќи во чувството на опуштеност кое не познава брзање и обврски.

Иако ова е секс на кревет, не е секс на домашниот кревет, па се е поинаку. Работата и обврските исфрлете ги од мислите и дозволете си секс на сите можни места во апартманот и надвор од него. Нека ноќта се претвори во ден и прегрнати дочекајте го изгрејсонцето. Дури и ако се одлучите за секс на плажа, најдете скриено катче за секс на отворено. На патот до плажата замолете ја девојката да ги соблече гаќичките. Самата помисла на тоа ќе ве возбуди. На враќање од плажа, враќајте се без гаќички. Тоа важи за двајцата - ќе побрзате да стигнете до апартманот.
Повеќе на intimatemedicine.com