Младите Швајцарци наскоро ќе може да купат екстра мали кондоми наменети за дечињата од 12 до 14 години. Зошто? Националното истражување покажа дека тие се порано стапуваат во сексуални односи.

Во истражувањето направено на примерок од 1.500 испитаници меѓу 10 и 20 години е откриено дека Швајцарците „губат невиност“ порано во споредба со генерациите од 90-те. Допуштената возраст за полов однос во Швајцарија е 16 години, иако правосудството не ги казнува престапниците доколку разликата во старост е помала до 3 години.
Раководителот на истражувањето Ненси Бодмер предупреди дека младите се склони кон небезбеден секс и дека нивото на знаење за сексуалноста им е алармантно ниско. Не ги разбираат последиците, а грижата за евентуалното потомство момчињата ја препуштаат на девојчињата и нивните фамилии, па затоа има смисол за ваква рана превенција, вели Бодмер.
Освен на швајцарскиот, детските кондоми т.н. Hotshot ќе бидат продавани и на британскиот пазар, каде компанијата Lamprecht (водечкиот производител во Швајцарија) очекува голем успех, бидеќи Британија има највисока стапка на тинејџерска бременост во Европа, пишува Daily Mail.
Од компанијата појаснија дека разликата меѓу стандардните и детските кондоми е во обемот т.е. ширината која кај детските ќе биде 4,5 см, за 7 милиметри помала него кај стандардните. И двете варијанти се долги 19 см.
Б.И. | Кајгана