За да имате долга и успешна врска со вашиот партнер, треба да го кажете судбоносното “да“. Иако бракот често се смета за убиец на страста и љубовта меѓу партнерите, истражувањата го покажуваат спротивното.

Браковите траат подолго од заедниците кои не се официјално потврдени, односно од оние вонбрачните, покажуваат резултатите од испитувањето спроведено од Американскиот центар за конторла на болести (CDS) во кое учествуваа 12, 571 мажи и жени.
Околу 78% од браковите траат пет или повеќе години подолго во споредба со 30% на оние заедници во кои паровите кои живеат без “потврда од матично“.
Повеќе од 40% од мажите и жените кои се венчале во 2002. година се'уште се во брак, споредено со само 9% од оние кои живеат невенчани во заедница.
Една од причините поради кои вонбрачните заедници траат пократко е таа што 51% од пароивте кои живеат заедно повеќе од три години без да се венчаат - прекинуваат, пренесува Reuters.
Освен овие податоци, со студијата се откри и дека:
- 80% од паровите кои добиле дете во првите 8 месеци откако стапиле во брак имаат поголеми шанси да прослават десетгодишнина од бракот, додека оние кои немаат деца помалку веројатно ќе бидат заедно доволно долго за ваква прослава.
- Околу 75% од паровите кои се венчале после 26 години имаат поголема шанса да останат заедно, за разлика од 50% на оние кои помлади влегле во брак.
И.Е. | Кајгана