Intimate Medicine
Изневерувањето кое се случило само еднаш и потполно неочекувано остава горчлив вкус, но сигурно се разликува од аферите кои траат со месеци и години. Доколку ви се случил момент на слабост, а сте дале збор дека нема да изневерувате, тогаш добро размислете дали ќе му кажете за својот излет и што воопшто тоа ќе ви донесе.

Пред да одлучите дали ќе му кажете или не на партнерот, прочитајте ги причините поради кои тоа не треба да го направите.
1. Затоа што е себично
Добро, го изневеривте, а сега вината ви ја мачи душата и не можете да спиете, па мислите дека кога ќе кажете и ќе ви се прости, се' ќе биде во ред. Размислете уште еднаш!
Вашето признание ќе ви користи само вам, а тој освен скршено срце нема да има ништо друго. Затоа сркајте си ја кашата што сте си ја зготвиле и заборавете дека изневерувањето воопшто се случило.
2. Затоа што го сакате
И што треба тоа да значи? Затоа ли сакате да му кажете?
Велат дека она што не го знаеш не може да те боли, а во овој случај тоа е навистина така. Ви се случил излет, но тоа веќе не можете да го промените или избришете. Сепак, можете да влијаете на тоа да го поштедите партнерот кој го сакате од мака и болка. Затоа, потрудете се тоа повеќе да не се повтори и обидете се да му бидете добра девојка на својот партнер.
3. Затоа што ништо не ви значи
Можеби се случило поради премногу алкохол или во кревет завршивте со симпатијата од средношколските денови со која отсекогаш сакавте да го направите тоа. Но, после сфативте дека сето тоа било една голема грешка која не вреди како вашиот партнер и дека не би го оставиле.
Може да ви се случи дури тогаш да согледате колку ви значи вашиот партнер. А, токму тоа е најважно - да бидете свесна за неговите вредности. Затоа, обидете се да живеете како пред “авантурата“.
4. Затоа што може да ви се одмазди
Понекогаш се случува изневерениот партнер да мисли дека од болката и јадот ќе се ослободи ако возврати со иста мерка. Но, како бел ден е јасно дека дополнителното изневерување нема да донесе ништо добро и дека неизбежно значи крај на врската. Освен тоа, може да почне да шири неубави гласини за вас откако ќе ве напушти.
5. Затоа што ќе ве напушти
Кога ќе дознае дека на неговата жена била раката на друг маж, дека некој друг ја имал неговата љубена, тогаш егото и гордоста ќе му бидат длабоко повредени. Како последица на вашето признание може да ве напушти.
Мажите и жените во еднаква мера вистински го забораваат и простуваат партнерското неверство. Затоа, живеењето извесно време со грижа на совеста е подобро отколку да ја изгубите драгата личност.
6. Затоа што времето не можете да го вратите назад
Можеби во моментите кога не може да заспиете од гржа на совест ви се чини дека признанието ќе биде решение на вашите маки. Но, веднаш штом почнете да признавате, ќе посакате ништо да не речевте кога ќе го видите изразот на лицето на вашиот партнер и неговата реакција. Ако уште сега знаете дека нема да може да ви прости и туку-така да прејде преку тоа, зошто да ризикувате? Времето не можете да го вратите, а ни вашето признание нема да го промени тој факт.
Да, партнерскиот однос се темели на доверба, искреност и љубов - тоа се основите на добар и квалитетен однос. Доколку се работи само за еден излет кој не ви значел и се'уште го сакате вашиот партнер, само сте си потврдиле дека сте во право затоа што останувате со него, а признанието нема да ви донесе ништо добро. Но, друго е ако постојано имате афери - тогаш имате проблем и треба добро да се запрашате зошто тоа го правите.
Повеќе на intimatemedicine.com