» поопширно

You are missing some Flash content that should appear here! Perhaps your browser cannot display it, or maybe it did not initialise correctly.

You are missing some Flash content that should appear here! Perhaps your browser cannot display it, or maybe it did not initialise correctly.

5 знаци кои покажуваат дека сте предолго сами

Intimate Medicine

Иако да се биде соло значи и поседување на одредени предности, после некое време сингл статусот може негативно да влијае на вашиот живот. Епа момци, кога е крајното време да побарате партнерка?

Како мажите, така и жените за времето за кое се сами развиваат одредени навики кои се се' само не добри и посакувани. Бидејќи поголемиот дел од слободното време го минувате сами, веќе заборавивте како изгледа еден добар состанок и празнините ги полните со разни активности. Мажите во повеќето случаи стануваат мрзеливи и пасивни. Во продолжение, прочитајте кога е крајното време да си побарате девојка со која повторно ќе добиете се, што во периодот на самотијата сте изгубиле. 

Ви се чини дека ги одбивате сите жени?

Во разминување ви се насмевнува убава девојка, а вие наместо да се чувствувате добро мислите дека ви се потсмева? Долгиот период на самотија може многу лошо да влијае на вашата самодоверба што резултира со речиси никакви контакти со нови потенцијални партнерки. Освен тоа ниската самодоверба е прилично непривлечна, па затоа крајно време е да го прекинете магичниот круг.

Лоши прехрамбени навики?

Ако вашите ормари се полни со храна која може да ја приготвите за помалку од 10 минути, знајте дека сте на лош пат. Не само што оваа храна не е добра за вашето здравје и ќе ви донесе вишок на килограми туку и воопшто не сте подготвени да приготвите романтична вечера за потенцијалната партнерка. Од таа причина, имајте барем мала залиха на тестенини и ориз како и неколку намирници за да подготвите едноставна вечера за двајца. Постојат многу прирачници за готвење и на интернет и по книги, па читнете нешто и освојте ја со своите кулинарски способности.

Размислувате да си купите мачка?

Секако дека осаменичкиот живот е некогаш осамен, затоа не е необично доколку со набавката на домашно милениче сакате да внесете мала живост во домот. Можеби мачката не е најдобар избор за вас бидејќи може да ви се случи цел ден да поминете на каучот со неа, гледајќи тв.Можеби куче би било подобра варијанта (доколку имате соодветни услови за чување) бидејќи ќе мора да го прошетате и ќе бидете „присилени“ да излезете од дома. Освен тоа, жените некогаш едноставно не можат да одолеат на маж со слатко куче.

Ве болат прстите од џојстикот?

Воошто не е проблем да убиете малку време играјќи забавни игри, но внимавајте да не станете зависни. Освен играњето игрици самците често влегуваат во замката на играње игри на среќа и кладилници. Кога е забавата во прашање, бавењето со некој спорт секако е најдобрата опција која може еден самец да ја практикува. Навиката, како што и самите знаете, е многу тешко да се промени што подоцна може да влијае на развојот на врската, а на почетокот може да одбие некоја потенцијална партнерка. Жените не сакаат да го делат својот маж со играчка конзола или еден куп гласни пријатели кои пред врата го чекаат за партија фудбал.

За совети околу состаноците ја прашувате мама?

Вашата мајка сигурно во својата глава има потенцијални кандидатки за вас. Е, за да го избегнете можниот состанок на слепо со братучетката на фризерката од вашата мајка која има мустаќи (на братучетката мислиме, не на мајка ви), земете ги работите во свои раце. Наместо да се препуштите на судбината, самите напишете ги карактеристиките кои би сакале да ги има вашата партнерка. Таа со воодушевување ќе ги разгледа, и барем ако сте запнале да ви помага, ќе прави нешто корисно во таа насока. А кој знае...можеби баш и ќе ви ја најде жената на вашите соништа.

Повеќе на intimatemedicine.com

 

Kajgana.com
Македонија
29.07.2010 | 17:59

Додека протестираа 20 тина луѓе пред седиштето на опозициската партија, поголем број  стечајци од здружението УНИТ од Куманово се собраа пред Собранието...

Kajgana.com
29.07.2010 | 13:58

Прославениот англиски фудбалски гигант Ливерпул вечерва во Скопје ќе игра против Работнички, во рамките на третото квалификациско коло во Лига Европа...

Backstage

Kajgana.com | http://kajgana.com

Галичка свадба 2010

Традиционалната манифестација Галичка свадба одржана по 47-ми пат во село Галичник, Мавровско. Младоженците оваа година беа Љупка Талеска и Филип Шотароски. Одиме на прошетка низ фотографии?

Kajgana.com | http://kajgana.com

Врело низ фотографии

Пештерата Врело е лоцирана во кањонот Матка и е систем од две (надводна и подводна) пештери, а се смета како една од најдлабоките во Европа и светот. Одиме на фото прошетка?

Kajgana.com

Белците можат да скокаат

Светското фудбалско првенство заврши, кошаркарското е пред почеток, па во паузата за да не ви е досадно имаме предлог спорт за вас за кој до денес не ни знаевме дека постои, а камо ли дека е и атрактивен!

Kajgana.com

Пар-Кинг

Господинов доаѓа од Нов Зеланд, го сруши рекордот во екстремно паркирање, но ние би му ги направиле сите метании и почести само ако успее да излезе од паркинг местото. Инаку, џабе паркирањето :)

Kajgana.com

Не се секирај, мама е тука

Наместо да се обидеме со придавки да ја опишеме грижата на мајката и да наликуваме на клише за состав по македонски јазик од петто одделение, ќе оставиме видеото само да ја покаже силината на мајчиниот инстинкт...

Kajgana.com

Фудбалче на гооолеми голови

Секоја година во Ашбоурн, Англија се одржува најголемиот, најстариот и најбизарниот фудбалски натпревар во светот. Во играта учествува целиот град, а головите се оддалечени 5 километри...

Kajgana.com

Си беа две панди...

Две панди уживаат во семејна идила - мајката опуштено грицка бамбус, додека покрај неа спокојно спие бебето панда. И се е така мирно и слатко, додека...бууум! На мајката не и беше јасно што ја снајде, а и панда бебушот беше збунет...

Kajgana.com

Хокеарски страсти

Хокејот е груб спорт, а хокеарите гневни луѓе, па мразот често се претвора во бојно поле. И од многуте хокеарски тепачки ви ја издвојуваме најдобрата борба на сите времиња. Особено внимание обратете на акцијата во 24. секунда...

Kajgana.com

Puzzles of Gemland

Одамна не сме играле некоја загадочна игра, па време е малку да го ставиме мозокот во функција. Секое ниво има посебна задача, следете ги инструкциите пред почетокот.

Kajgana.com

Bike Mania Arena

За разлика од претходните верзии, за да ги совладате патеките на оваа игра ќе треба да вложите малку повеќе труд и трпение. Досадно на работа? Сакате да се испробате?

Kajgana.com

Болва

Игрица од типот на Супер Марио, во која главна цел е да ги соберете паричките и да стигнете до крајот на нивото. Команди: Користете ги стрелките за движење, SPACE за скок.

Kajgana.com

Beach Skill Soccer

Добра игрица која со задоволство може да ја "плескате" додека чекате да почне следниот натпревар од Светското првенство. Жонглирајте и држете го фудбалот во воздух. Команди: Користете ги стрелките на тастатурата.

Kajgana.com

Војна на паразитите

Целта на играта е да ја раширите вашата колонија на паразити на сите клетки и со тоа да го совладате противничкиот паразит. Колку етапи ќе успеете да доминирате? Бирајте мудро. Команди: Кликни и повлечи.

Kajgana.com

The Slob

Испробајте ги вашите способности за трчање и скокање во психоделичниот вонземски свет исполнет со чудни билки и други креации. Не е битно дали ви е јасна приказната, битно - завршете ја лизгавата патека до крај...

© 2005-2010 Kajgana Media