» поопширно

You are missing some Flash content that should appear here! Perhaps your browser cannot display it, or maybe it did not initialise correctly.

You are missing some Flash content that should appear here! Perhaps your browser cannot display it, or maybe it did not initialise correctly.

4 начини како да го одбиете после првиот состанок

Intimate Medicine

Дали состанокот беше многу лош, па сега не знаете како да го одбиете без да му го скршите срцето? Ви нудиме решение.

Првите состаноци знаат да бидат многу непријатни, неспретни и напнати, особено ако не ги почуствувате оние “искрички“ кои во вас будат желба за уште некоја средба со таа личност. Многу луѓе мислат дека е полесно да бидеш одбиен отколку да одбиваш, но некои со ова воопшто не се согласуваат. Имено, тешко е да се најдат вистинските зборови со кои на личноста ќе и' дадете до знаење дека не сакате да ја продолжите комуникацијата, а да притоа не предизвикате барем малку тага.

Одбивањето на првиот состанок, освен “не/да“, бара и некакво објаснување, односно изговор зошто не сакате повторна средба и зошто не сакате да размените телефонски броеви. Таквото одбивање праќа директен знак дека на состанокот нештата не се одвивале како што треба.

После првиот состанок веќе се будат одредени желби, надежи и очекувања, но одбивањето може многу брзо да ги сруши и уништи. Новинарката Мари Клер Рич Сантос во такви случаи предлага четири начини за одбивање на машкото. Првите два начини се наменети за пријатен маж со кој едноставно не сте дожвеале искрички, а другите два се за будала или премногу упорен маж кој не признава “не“ како одговор.

Мала бела лага

Таквиот начин на одбивање го штити мажот од понижување. Како изговор можете да ја употребите се'уште присутната емоционална поврзаност со бившиот партнер или фактот дека не сте подготвени за нова врска, но ќе го побарате доколу нештатат се променат. Со таквиот начин на одбивање во суштина се жртвувате себе и својата позиција, а него го поштедувате од размислувањето за тоа дека не ве завел.

Сепак, немојте да му давате лажна надеж дека ќе може со вас некогаш да се впушти во сериозна врска, ако тоа не го мислите навистина. Затоа, при одбивањето немојте да давате некои заклучоци или ветувања. Така, тој нема однапред да сонува за врска која никогаш нема да се случи.

“Да останеме пријатели“

Ваквиот начин на одбивање е многу нежен и праќа порака дека мажот е прекрасна личност која не сакате целосно да ја исклучите од својот живот, туку само подобро го гледате во улога на свој пријател, отколку во улога на љубовник.

Од машка позиција желбата за пријателство е секако убав гест, но постои можност да тој сепак се потруди ситуацијата да ја претвори во љубовен однос. Токму затоа морате да внимавате да не му давате лажна надеж при вашите пријателски средби. Исто така избегнувајте да го каните во својот дом, затоа што тој тоа би можел двосмислено да го протолкува.


jlp
“Неподнослив си!“

Оваков начин се препорачува во случај кога си имате работа со будала која се' погрешно направила за време на состанокот. Тоа подразбира дека ве допирал непримерно, зборувал за бившите девојки, бил безобразен итн. Таквото однесување заслужува прекор и со искреноста веројатно ќе учините услуга како нему, така и на сите девојки со кои во иднина ќе оди на состанок.

Во тој случај, немојте да се оптоварувате со неговите чувства, затоа што некој мора да го спушти на земја. После таквото одбивање многу е веројатно дека никогаш повторно нема да ве побара.

Исчезнете како дух

Исклучителните ситуации бараат и исклучителни мерки. Понекогаш е потребно целсно да исчезнете за мажот да сфати дека повеќе не сакате да го видите и слушнете. Пријатните мажи заслужуваат некаков заклучок односно причина за тоа зошто не гледате заедничка иднина за вас двајцата. Но, понекогаш можете да си дозволите и ваков начин на одбивање.

Мажот би требало правилно да го разбере вашиот молк, а ако не го сфати како што треба туку и понатаму е упорен, со тоа само докажува дека правилно сте постапиле кога сте го одбиле.

За крај, колку подлабоко навлегувате во врската, толку одбивањето е потешко. Ако сте биле на состанок со пријатен маж, но меѓу вас за жал не сте почувствувале искрички, секако дека сте му должни некакво објаснување зошто не сакате врска. Но, ако неговото друштво е непријатно и непристојно, тогаш имате две можности: гневно да му ги соопштите искрените чувства или да исчезнете.

Повеќе на intimatemedicine.com
 

Kajgana.com
Македонија
29.07.2010 | 17:59

Додека протестираа 20 тина луѓе пред седиштето на опозициската партија, поголем број  стечајци од здружението УНИТ од Куманово се собраа пред Собранието...

Kajgana.com
29.07.2010 | 13:58

Прославениот англиски фудбалски гигант Ливерпул вечерва во Скопје ќе игра против Работнички, во рамките на третото квалификациско коло во Лига Европа...

Backstage

Kajgana.com | http://kajgana.com

Галичка свадба 2010

Традиционалната манифестација Галичка свадба одржана по 47-ми пат во село Галичник, Мавровско. Младоженците оваа година беа Љупка Талеска и Филип Шотароски. Одиме на прошетка низ фотографии?

Kajgana.com | http://kajgana.com

Врело низ фотографии

Пештерата Врело е лоцирана во кањонот Матка и е систем од две (надводна и подводна) пештери, а се смета како една од најдлабоките во Европа и светот. Одиме на фото прошетка?

Kajgana.com

Белците можат да скокаат

Светското фудбалско првенство заврши, кошаркарското е пред почеток, па во паузата за да не ви е досадно имаме предлог спорт за вас за кој до денес не ни знаевме дека постои, а камо ли дека е и атрактивен!

Kajgana.com

Пар-Кинг

Господинов доаѓа од Нов Зеланд, го сруши рекордот во екстремно паркирање, но ние би му ги направиле сите метании и почести само ако успее да излезе од паркинг местото. Инаку, џабе паркирањето :)

Kajgana.com

Не се секирај, мама е тука

Наместо да се обидеме со придавки да ја опишеме грижата на мајката и да наликуваме на клише за состав по македонски јазик од петто одделение, ќе оставиме видеото само да ја покаже силината на мајчиниот инстинкт...

Kajgana.com

Фудбалче на гооолеми голови

Секоја година во Ашбоурн, Англија се одржува најголемиот, најстариот и најбизарниот фудбалски натпревар во светот. Во играта учествува целиот град, а головите се оддалечени 5 километри...

Kajgana.com

Си беа две панди...

Две панди уживаат во семејна идила - мајката опуштено грицка бамбус, додека покрај неа спокојно спие бебето панда. И се е така мирно и слатко, додека...бууум! На мајката не и беше јасно што ја снајде, а и панда бебушот беше збунет...

Kajgana.com

Хокеарски страсти

Хокејот е груб спорт, а хокеарите гневни луѓе, па мразот често се претвора во бојно поле. И од многуте хокеарски тепачки ви ја издвојуваме најдобрата борба на сите времиња. Особено внимание обратете на акцијата во 24. секунда...

Kajgana.com

Puzzles of Gemland

Одамна не сме играле некоја загадочна игра, па време е малку да го ставиме мозокот во функција. Секое ниво има посебна задача, следете ги инструкциите пред почетокот.

Kajgana.com

Bike Mania Arena

За разлика од претходните верзии, за да ги совладате патеките на оваа игра ќе треба да вложите малку повеќе труд и трпение. Досадно на работа? Сакате да се испробате?

Kajgana.com

Болва

Игрица од типот на Супер Марио, во која главна цел е да ги соберете паричките и да стигнете до крајот на нивото. Команди: Користете ги стрелките за движење, SPACE за скок.

Kajgana.com

Beach Skill Soccer

Добра игрица која со задоволство може да ја "плескате" додека чекате да почне следниот натпревар од Светското првенство. Жонглирајте и држете го фудбалот во воздух. Команди: Користете ги стрелките на тастатурата.

Kajgana.com

Војна на паразитите

Целта на играта е да ја раширите вашата колонија на паразити на сите клетки и со тоа да го совладате противничкиот паразит. Колку етапи ќе успеете да доминирате? Бирајте мудро. Команди: Кликни и повлечи.

Kajgana.com

The Slob

Испробајте ги вашите способности за трчање и скокање во психоделичниот вонземски свет исполнет со чудни билки и други креации. Не е битно дали ви е јасна приказната, битно - завршете ја лизгавата патека до крај...

© 2005-2010 Kajgana Media