Intimate Medicine
Стравови и вознемиреност поврзани со сексот - мажите имаат повеќе проблеми со тоа отколку жените. Во статијата што следи прочитајте кои се некои од проблемите што можат да бидат причина за тоа.
Ерекцијата како “терет“
Жените своето незнаење и неискуство во сексот лесно го прикриваат со пасивност. Тоа лесно може да го намали уживањето, но не може целосно да ја исклучи од сексот. Кај мажите, тој “терет“ е наречен ерекција. Ерекцијата е таа која ја потврдува возбудата на мажот, чувствата, храброста...Тоа е длабоко вкоренето во мажите. Без ерекција, нема делување во сексуален смисол.
Важно е мажите да сфатат дека ерекцијата не е единствено и најважно нешто кое ја покажува нивната сексуална компетенција. Во тоа можат да помогнат и партнерките кои ќе им ги отворат очите со тоа што ќе им покажат во што уживаат и без пенис во ерекција. Важно е да им кажат дека не е крај на светот ако не успеал да му се “дигне“ - затоа што навистина не е крај на светот. :)
Непотребен комплекс на мал пенис
Во моментите на заедничко туширање после некој спорт или вежбање, во сауните и слично, мажите можат да ги видат пенисите на другите мажи и да ги споредат со својот. Но, овие споредби никогаш не одат во прилог на оној кој ја прави споредбата затоа што секогаш прават да мисли дека другите мажи имаат поголем пенис, односно дека се послаби од “конкуренцијата“.
При тоа, често не размислуваат за големината на тие пениси во ерекција затоа што не ретко пенисот кој е помал во нормална состојба, е поголем од другите во ерекција. Исто така, мажите забораваат дека својот пенис го гледаат од горе и имаат поинаква слика од жените кои при оралниот секс го гледаат пенсиот од доле, па може да им се чини многу поголем.
Драги дами, на својот маж кажете му дека е важно што знае да прави со својот пенис, а не колкав му е. Пофалете го кога е добар - ќе му го кренете егото до небо.
Страв од стареење
Жените се плaшат од стареење затоа што мислат дека нема повеќе да бидат привлечни, дека ќе ги изгубат своите адути. Мажите немаат такви грижи, туку им е страв дека ќе ја изгубат сексуалната моќ. Поради стравот од губење на потенција кој се јавува во средната животна доба, мажите понекогаш губат интерес за секс. Мажите во тие случаи пре одбираат да апстинираат од секс, откако да им случи отсуство на ерекција.
Староста во денешно време е претставена како губиток на се' што е посакувано и ценето, што воопшто не е точно затоа што и стареењето има свои предности. Проблемите, доколку се појават, ќе ги решавате во од, а нема да ги “буткате под тепих“ и ќе можете да продолжите со својот дотогашен живот.
Повеќе на intimatemedicine.com