
Технологијата за преведување која Google ја користи во својaта услуга Google Translate, сега ќе добие примена и на YouTube за автоматско преведување на видео материјалите кои се поставени на овој сервис.
YouTube ја овозможи спомнатата технологија за милионите видео материјали кои се на англиски јазик. Поконкретно, станува збор за две технологии - едната е препознавање на говор и претворање на говорот во текст, а другата е автоматски превод на текстот на друг јазик.
Моментално, препознавањето на говорот функционира само на видеа кои се на англиски јазик, но автоматскиот превод овозможува титловите да се прикажат и на македонски, како и на било кој друг јазик.
Оваа технологија особено ќе биде значајна за глувите лица.
Погледнете како функционира YouTube Captioning. Менито кое овозможува избор на јазик се наоѓа во долниот десен агол.
Д.Л.