
Opera
Од вчера, достапна за превземање е конечната 10.50 верзија на веб прелистувачот Opera, која освен визуелни промени на корисниците им носи и подобрувања во работата на овој прелистувач.
Според производителот, Opera 10.50 е најбрзиот веб прелистувач кој досега го создале, а најбрза е и во споредба со другите конкуренти. Прелистувачот содржи и графички акцелератор кој дополнително го забрзува сурфањето.
Новата верзија на Opera можете да ја превземете од официјалната страница.
Поопширно за сите новитети кои ги нуди новата верзија на прелистувачот, можете да прочитате тука.
Д.Л.