Дали е Марк Зукерберг навистина сопственик на Фејсбук? Можеби и не, судејќи по тужбата која во Њујорк ја поднесе инвеститорот Пол Д. Цеља, кој тврди дека ја финансирал оригиналната Фејсбук страница со илјада долари и за сметка на тоа денес бара - 84% сопственост над компанијата.

Ова е повеќе за во Чек Дис Аут, отколку за во Интернет секцијата, но нејсе, правдата некогаш знае да е навистина смешна, па да не брзаме со заклучоци.
Цеља во тужбата која ја поднесе во Њујорк тврди дека му дал на Зукерберг илјада долари во 2003. за изработка на страницата TheFacebook, а во замена за парите сопственикот на најпопуларната социјална мрежа се согласил да му даде 50% сопственост над TheFacebook, како и еден процент од компанијата за секој ден после договорениот рок од 1. јануари 2004. доколку страницата не биде готова.
Бара 84% од се што Facebook досега заработил
По договорот, Цеља на 4. февруари кога бил довршен веб-сајтот, стекнал дополнителни 34% од бизнисот, со што неговиот вкупен удел во компанијата се искачил на 84%, стои во тужбата.
Зукерберг подоцна формира нова компанија, Facebook Inc., како и уште една страница - Facebook., која стана најголема социјална мрежа во светот со повеќе од 500 милиони членови. Цеља тврди дека денешниот Фејсбук е само продолжение на сајтот во кој тој вложувал, односно поради тоа има право да бара 84% сопственост над компанијата, како и 84% од сите средства кои тужените ги оствариле од 28. април 2003. до денес, заедно со трошоците за судскиот спор, пишува Wall Street Journal.
Фејбук тужбата ја отфрли како фриволна, но судијата Томас Браун кој го води случајот во Њујорк донесе привремена забрана за трансфер на било какви средства од сметката на компанијата.
Б.И. | Кајгана