Читањето весници е се понепопуларeн „спорт“ во САД и Велика Британија, каде повеќето конзументи своите дневни потреби за информации ги задоволуваат на интернет, покажува последното истрањување на PRC.

Pew Research Center објави дека интернетот, зад локалните и националните телевизии, стана трет најпопуларен извор на вести.
„Свежите вести доаѓаат секогаш, насекаде и на било кој уред, кај оние кои сакаат да останат информирани“, наведува PRC. А печатот во САД и Британија минува низ финансиски потешкотии, што пополека доведе до наплатување на содржините кои печатените медиуми ги испорачуваат во своите интернет изданија.
Дури 61% од испитаниците изјавија дека во „типичен ден“ сите свои потреби за информирање ги задоволуваат на интернет. 78% гладта за информации ја упразнуваат на локалните, а 71% се информираат на националните тв мрежи, како што е ЕнБиСи или на кабелските канали како СиЕнЕн или Фокс Њуз. 54% од испитаниците слушаат радио дома или во автомобил.
Повеќе од 90% користат повеќе од еден начин за читање вести, а 57% консултираат два до пет извори на информации.
Б.И. | Кајгана