Трет месец по ред продолжува трендот на губење на уделoт на Mozilla Firefox на пазарот на веб прелистувачи, покажуваат најновите податоци на аналитичарите на NetApplications.
Според податоците на NetApplications, Firefox во февруари изгубил дополнителни 0,2% од пазарниот удел, па сега неговиот удел на пазарот изнесува 24,2%. За разлика од овој прелистувач, Google Chrome бележи пораст на пазарниот удел веќе 16-ти месец по ред, а во февруари забележал раст од 0,4%,. Но, Chrome има уште "фурни леб да јаде" за да го стигне Firefox, бидејќи неговиот удел на пазарот сега изнесува 5,6%.
И понатаму во овој сегмент доминира Internet Explorer на Microsoft, чиј удел на пазарот изнесува 61,2%. Apple Safari во февруари исто така забележал благ пад, па сега има 4,4% од пазарот, додека Opera ги задржа своите 2,4%.
Д.Л.