Oдејќи по стапките на својата одлука што повеќе да биде вклучен во сегментот на друштвени мрежи, Yahoo одлучи да стане партнер со микроблогинг сервисот Twitter. Слична соработка веќе постои меѓу Yahoo и Facebook.

Yahoo на овие потези се одлучи затоа што корисниците се повеќе време нимуваат на друштвените мрежи, а ова може да се протолкува како последен обид на Yahoo на некој начин да се вклучи во „друштвените води“, тренд кој последните години го популаризираа токму Facebook и Twitter.
Кога најавената соработка ќе се реализира до крајот на годинава, на посетителите на страниците на Yahoo ќе им биде овозможен директен пристап до содржините кои вообичаено ги следат на друштвените мрежи, а на истото место ќе може да објавуваат и да одговараат на статусните пораки на останатите корисници, јавува Techtree.com.
Паралелно со овој договор, Twitter и Yahoo се договорија интернет пребарувачот во резултатите од пребарувањата да ги вметне податоците од Twitter, нешто што стапува на сила - веднаш.
Б.И. | Кајгана