
Panasonic
Viera плазма телевизoрите на Panasonic кои ќе бидат пуштени во продажба од 23-ти април најпрво во Јапонија, се специфични по својата можност да прикажуваат 3D содржина.
Освен во 3D приказот на ТВ содржини, со моделите P54VT2 и P50VT2 ќе можете да уживате и во HD резолуција, извонреден приказ на црна боја преку соодносот на контраст од вртоглави 5.000.000:1 и фреквенција на освежување од 120 Hz, која е толку висока за да се овозможи квалитетно прикажување на 3D содржината.
Се разбира, за да ја доживеете 3D “магијата“ неопходни се и посебните наочари кои доаѓаат заедно со телевизорот.
Цената на ова задоволство изнесува 5.9232 долари за P54VT2, односно 54 инчниот модел, додека моделот P50VT2 кој има дијагонала од 50 инчи ќе чини 4.813 долари.
И.Е. | Кајгана