Чиповите учат да го "говорат" јазикот на светлината. Според студијата објавена од Hot Hardware, испитувачите од лабараториите на IBM успеале да развијат уред кој ја користи светлината како медиум за комуникација помеѓу чиповите и останатите микрокомпоненти во електронските уреди.

Целта на испитувањето, кое според изјавите на IBM заврши успешно, беше пронаоѓање на начин за пренос на информации кој ќе ги замени стандардните електрични сигнали со светлосни пулсови, кои патуваат значително побрзо за разлика од преносот преку бакарни водови.
Уредот кој ја овозможуваа оваа комуникација е наречен "светлосен детектор на нанофотонска лавина" (или Nanophotonic Avalanche Photodetector - ако имате подобар превод, подготвени сме да го прифатиме) и претставува вистинска револуција во ефикасноста на енергетската комуникација. Според испитувачите од IBM, овој уред е способен да прими оптички сигнали со пропустливост од 40Gb/s и стимултано да ги умножи за десет пати.
Освен тоа, уредот работи на напон од вкупно 1,5 волти, што значи дека може да се напојува од една класична алкална батерија, додека претходните фотодетектори од овој тип мораа да се "хранат" со напод од 20 до 30 волти.
Ако ве интересира повеќе, погледнете ја видео презентацијата на YouTube.
М.Л. | Кајгана