
Sony
Sony најави дека почетокот на продажбата на 3D телевизорите од оваа компанија ќе стартува од јуни, а моделите ќе бидат со големина од 40, 46, 52 и 60 инчи.
Објавениот датум за стартот на продажбата се однесува на пазарот во Јапонија, а по тамошниот старт, Sony ќе го објави и датумот на започнување на дистрибуцијата во останатиот дел од светот.
Телевизорот со големина од 40 инчи треба да чини околу 3.200 долари, додека најголемиот од 60 инчи ќе има цена од 6.400 долари. 3D телевизорите на Sony ќе доаѓаат во пакет со два пара 3D наочари кои се неопходни за уживање во оваа технологија. За сите оние кои си рекоа "ех, два пара наочари, малку се, не е доволно" информацијата вели дека дополнителен пар наочари ќе може да се докупи по цена од 133 долари.
До јуни би требало да бидат готови и PS3 игри кои ќе поддржуваат 3D приказ.
Д.Л.