
Panasonic
Panasonic ја објави камерата HDC-TM35, за која тврди дека е најлесната HD камера на светот, со димении од 51.5 x 107.5 x 57.5 милиметри и тежина од само 185 грама (227 грама заедно со батеријата).
Panasonic HDC-TM35 снима во полна HD резолуција (1920 х 1080), има хибриден стабилизатор на сликата, а може да прави и фотографии во резолуција од 2,9 мегапиксели. Снимениот материјал се складира на SD, SDHC или SDXC мемориски картички со максимален капацитет од 32GB.
Камерата ќе биде достапна во четири бои: бела, виолетова, сива и златна, а најпрво ќе се најде најапонскиот пазар од почетокот на наредниот месец, по цена од приближно 810 долари.
Д.Л.