Gecko Edubook е ефтин ултрапреносен компјутер кој троши толку малку струја што за работа му се потребни АА батерии. Не можеме да се одлучиме дали е ова дело на гениј или најглупиот гаџет кој сме го виделе (повеќе сме за второво), но производителот во секој случај добива поени за иновативност.
Gecko Edubook има екран од 8,9 инчи, резолуција од 1024х600 и е многу модуларен. Можете да му го замените процесорот и меморијата, што значи дека нема да мора да го фрлите кога ќе стане преслаб. Уредот доаѓа во две варијанти: со хард диск и со најобична СД картичка.
Но главната причина поради која Edubook ни падна во очи е батеријата. Наместо голема скапа батерија, Edubook користи 8 АА батерии. Зависно од типот на батерии, ќе траат од 4 до 6 часа.
Околу предностите и маните на АА батериите во вакво компјутерче: батериите на полнење веќе со години се докажани како технологија на која може да се потпрете. Полесни се и поефтини.

Од друга страна, лаптоп на АА батерии делува сосема несериозно, а ако веќе се тежнее кон стандардизирање на батериите за лаптопите, подобро би било да се развие универзална батерија која ќе ја користат сите модели.
Производителот за вас во Eduboоk со задоволство ќе вгради GPRS, 3G или било каков друг телекомуникациски модем, како и поддршка за WiFi.
Во основната варијанта ќе ве чини околу 200 американски долари, што е сосема прифатлива цена за мал и едноставен уред како овој.
Б.И. | Кајгана