Откако Apple го објави датумот на кој ќе се појави iPad во продавниците и на доделувањето на Оскарите ја покажа првата телевизиска реклама за својот таблет, Microsoft и HP веднаш одговорија со свои концепти.
HP својот таблет наречен slate, на јавноста и го прикажа на овогодишниот саем CES 2010, но сега од компанијата откриваат повеќе детали.
Во текстот објавен на официјалниот блог на компанијата, HP директно ги истакнува недостатаоците на iPad, како што е фактот дека не може да прикажува flash содржини, за разлика од HP's slate.
Што се однесува до Microsoft, оваа компанија не ги презентира толку отворено своите планови, но од доверливи извори Engadget.com дознава дека таблетот на Microsoft e замислен како дигитален дневник, дебел околу 2.5 сантиметри, тежи околу пола килограм, а затворен не е поголем од тетратка.
Димензиите му се помали од очекуваното, но тоа само ја нагласува неговата мобилност. Оперативниот систем кој ќе го користи Courier е Windows CE 6.

Мониторот е базиран на пенкало кое е наменето за цртање и рачно пишување, а има вградено и препознавање на ракописот. Се' што некогаш ќе внесете во Courirer ќе ви биде достапно преку посебна веб страна налик на блог. Уредот ќе има вградена камера, а ќе служи како електронски читач на книги.
Се најавува дека ќе биде претставен до крајот на оваа година, а не се знае ништо за неговата цена. Сепак, без сомнеж е дека Courier ќе биде достојна конкуренција на iPad.
фото: Engadget
И.Е. | Кајгана