Долгоочекуваниот iPad конечно во продавниците. Apple објави дека Wi-Fi верзијата на овој таблет на 3-ти април ќе биде пуштена во продажба на американскиот пазар, а 3G моделите ќе бидат достапни до крајот на истиот месец.

Се очекува дека iPad ќе пристигне со 12 нови апликации, но ќе може да се користат и апликациите достапни за iPhone и iPod Touch кои се повеќе од 150.000 на број.
Што се однесува до цените Apple, во своето известување за медиумите, изjави дека ќе останат исти како оние првично објавените минатиот јануари.
Така, моделите кои имаат Wi-Fi конекција ќе чинат 499 долари за верзијата со 16 GB меморија, 599 за 32 GB и 699 долари за 64 GB. Моделот со Wi-Fi и 3G конекција ќе може да се купи за 629 долари со 16 GB меморија, 729 долари за 32 GB и 829 за 64 GB меморија.
До крајот на април, iPad ќе биде достапен и во Австралија, Канда, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Шпанија, Швајцарија и Голема Британија, а ќе може да се нарача веќе од овој петок на сајтот на Apple.
фото: Аpple
И.Е. | Кајгана