Преку пост на Twitter, nVidia го најави пристигнувањето на новата серија графички картички компатибилни со DirectX 11.
„Најбрзата графичка платформа за игри наменета за персоналните компјутери ќе биде откриена на PAX 2010“, гласи tweet-от на nVidia, а дали тоа навистина ќе биде така останува да видиме на 26. март, за кога всушност е најавено претставувањето на новите графички картички.
Ознаките на овие картички ќе бидат GTX 480 и GTX 470, а се работи за графички чип кој инаку беше познат под работното име Fermi, a потоа преименуван во GF100. Нема многу информации за графичките картички, но корисниците очекуваат значително подобрување на перформансите во однос на минатата генерација.
Инаку, во развојот на DirectX 11, фирмата API блиско соработуваше со AMD, па затоа заедно со Windows 7 беше лансирана и серија графички картички Radeon HD5xxx, компатибилни со DirectX 11 . “Одговорот“ на nVidia не доаѓаше се' досега, но заедно со отворањето на PAX, јавноста ќе биде сведок и на новите, се надеваме конкурентни, картички.
И.Е. | Кајгана